3 Симпозиум: 17 - 19 ноември 2017 год.

„Инфекции на респираторниот тракт - Убедувања/ Докази/ Пракса“

  • 3 Симпозиум
    3 Симпозиум

    3 Симпозиум на ЗССМ со тема: „Инфекции на респираторниот тракт - Убедувања/ Докази/ Пракса“

  • City Hall Center, Скопје, Македонија
    City Hall Center, Скопје, Македонија
  • Стара Скопска Чаршија
    Стара Скопска Чаршија
  • Св. Пантелејмон Нерези
    Св. Пантелејмон Нерези
  • Камен Мост
    Камен Мост

Ги повикуваме сите учесници да се регистрираат колку што можат порано и да ги искористат поволностите кои им се нудат:

Вид на учесник: Регистрација ДО
15.11.2017
Регистрација ПОСЛЕ
15.11.2017
За сите учесници 80 ЕУР 120 ЕУР
Специјализанти 50 ЕУР 90 ЕУР
Студентите и медицинските сестри, добиваат програма и ИД картица за слободен влез на сесиите со предавањата, но не им следува сертификат со бодови.
За регистрација после 15.11.2017, ќе биде одобрен попуст само за ГРУПИ од 5 и повеќе регистрации, и цената ќе изнесува како за регистрација по лице до 15.11.2017 г.

Повеќе...

3 Симпозиум: „Инфекции на респираторниот тракт - Убедувања/ Докази/ Пракса“

Драги колеги и пријатели,

 

Здружението на специјалисти по семејна медицина – Респираторна група во соработка со Центарот за семејна медицина при Медицинскиот факултет во Скопје, а со поддршка на Меѓународната респираторна група во примарна заштита и Светската здравствена организација, го организира својот трет Симпозиум со меѓународно учество на тема:

Антибиотици во примарна заштита
„Инфекции на респираторниот тракт - Убедувања/ Докази/ Пракса“


Со учество на клинички лекари од секундарна и болничка здравствена заштита,
тесно поврзани со пропишувањето на антибиотици.

Истиот ќе се одржи од 17 до 19 Ноември 2017 год. во просториите на City Hall Center, Скопје, во чест на Европскиот ден за рационална употреба на антибиотиците и Светската недела за рационална употреба на антибиотиците.

Теми на Симпозиумот:

  • Акутни респираторни инфекции и нивни компликации
    • Антибиотска резистенција
    • Интервенции за рационална употреба на антимикробни средства
    • Алгоритми за третман со антибиотици во примарната и секундарната заштита
  • Егзацербации на хронични респираторни заболувања
    • Најчести патогени и антибиотски третман на егзацербации
    • Тркалезна маса - од истражување до пракса

 

Веруваме дека овој Симпозиум ќе биде извонредна можност за презентација на наши и меѓународни искуства на полето на рационално пропишување на антибиотици за респираторни инфекции.

Симпозиумот е aкредитиран во ЛКМ со 12 бода за предавачи и 8 бода за слушатели.

Оваа година во склоп на Симпозиумот е предвидена и постер сесија.
Краен рок за поднесување на апстракти е 31.10.2017, на:
contact@semejnamedicina.mednet.mk

Предвиден е и комерцијален изложбен простор за фармацевтските компании, кој ќе биде отворен за цело време на Симпозиумот.

Официјални јазици на Симпозиумот се англиски и македонски.

Со желба за успешен Симпозиум, Ви посакуваме топло добредојде.

ЗССМ – Респираторна Група
Д-р Радмила Ристовска

 

Поддржан од Светска здравствена организација

 

www.zssm.org.mk   www.ab.zssm.org.mk